Вести

Прв состанок на First Facility Групата

Првиот состанок на претставниците на First Facility Групата се одржа на 19 и 20 февруари во Белград.

Генералните директори и партнери, членови на Извршниот одбор и директорите на First Facility компаниите во Словачка, Унгарија, Бугарија, Србија и Северна Македонија присуствуваа на состанокот на кој се дефинираше новата стратегија за иднината на First Facility Групата.

Во краткото интервју по состанокот, г-дин Радивоје Нијемчевиќ, генерален директор и партнер изрази задоволство и гордост што First Facility тимот е составен од паметни и успешни, млади луѓе и обави дека тимот на First Facility компаниите во Србија е избран за раководење со First Facility Групата.

Г-дин Георг Шпигелфелд, генерален директор и партнер, ја истакна својата благодарност што компанијата има прекрасни вработени кои управуваат со големи проекти, давајќи им услуги на престижните клиенти и дека најважна задача е да се одржува задоволството на вработените и клиентите.

Г-дин Шпигелфелд, исто така, нагласи дека за компанијата е од голема важност поврзувањето на компаниите First Facility кои работат во различни земји во едно големо семејство, кое благодарение на размената на знаењата и искуствата First Facility ќе ја претвори во јака група во Југоисточна Европа.

Споделете

Најважните вести од First Facility