Политика на приватност за употреба на веб-страница

Оваа страница ја управува Друштво за активности поврзани со недвижен имот, изнајмување и деловни активности ФИРСТ ФАЦИЛИТИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, со седиште на Ул. ДАМЕ ГРУЕВ Бр.16-лок. бр.15 СКОПЈЕ – ЦЕНТАР, ЕМБС: 6258611 и ЕДБ: 4030007645202, Во понатамошниот текст Контролор/. Ова известување опишува како ние, како одговорни лица за заштита на податоците, ги обработуваме Вашите лични податоци во врска со оваа веб-страница.

Со прифаќањето на Политиката на приватност ја давате вашата лична согласност за собирање и процесирање на вашите лични податоци од страна на Контролорот, под условите наведени подолу.

1. Кои информации ги обработуваме за Вас

За време на Вашата посета на оваа веб-страница, ние ги собираме следниве информации: датумот и времето на пристап на нашата веб-страница, вашата IP адреса, името и верзијата на вашиот веб-прелистувач, веб-локација (URL), одредени колачиња и информации кои Ви стојат на располагање преку веб-страницата. Доколку го пополните барањето за контакт на нашата веб-страница, во тој случај ние собираме информации како што се име и презиме,е-маил адреса од која сте го испратиле барањето.

Нема обврска да ги обезбедиме сите податоци што ги бараме од Вас на нашата веб-страница. Меѓутоа, ако тоа не го направите, нема да можете да ги користите сите функции на веб-страницата.

2. Cookies (Колачиња)

Оваа веб-страница користи т.н. колачиња. Колаче е мала датотека што може да се чува на Вашиот компјутер кога ја посетувате нашата веб-страница. Во основа, колачињата се користат за да им се обезбедат на корисниците дополнителни опции на страницата. На пример, тие можат да се користат за да Ви помогнат да се движите на страницата, така што ќе можете да продолжите да ја користите веб-страницата која што сте ја оставиле и/ или да ги зачувате Вашите желби и преференци кога ќе се вратите на веб-страницата. Колачињата не можат да пристапат, читаат или мењаат други податоци на Вашиот компјутер.

Повеќето колачиња на оваа веб-страница се нарекуваат колачиња за сесии. Тие автоматски ќе бидат избришани кога ќе ја напуштите нашата веб-страница. Сепак, трајните колачиња остануваат на Вашиот компјутер сè додека не ги избришете рачно од Вашиот прелистувач. Ние користиме вакви трајни колачиња да можеме да Ве препознаеме при следната посета на нашата веб-страница.

Ако сакате да ги контролирате колачиња на Вашиот компјутер, можете да ги изберете подесување на прелистувачот за да бидете известени кога некоја веб-локација сака да зачува колачиња на Вашиот компјутер. Во тој случај можете да блокирате или избришете колачиња ако веќе се зачувани на Вашиот компјутер. Ако сакате да знаете повеќе за тоа како да ги преземете овие чекори, користете ја функцијата “Помош” во вашиот прелистувач.

Забележете дека блокирањето или бришењето на колачињата може да влијае на вашето онлајн искуство и да ве спречи да ја користите оваа веб-страница во целост.

3. Google Analytics (Google аналитика)

Оваа веб-локација користи Google Analytics (Google аналитика), услуга за веб-аналитика обезбедена од Google LLC, 1600 Amphitheater Parkwai, Mountain View, CA 94043, USA („Google“). Google Analytics користи колачиња која овозможува анализа на Вашата употреба на нашата веб-страницата.

Информациите генерирани од колачињата за Вашата употреба на оваа веб-локација (вклучувајќи ја вашата IP адреса и URL –адресите од пристапни веб-страници) се пренесуваат на серверите на Google во Соединетите држави и таму се сместени. Не чуваме ниту еден од Вашите податоци собрани во врска со (Google аналитика).

Оваа веб-страница ја користи можноста анонимизација IP-а која ја дава Google аналитика. Поради тоа, Google ќе ја скрати/ анонимизира Вашата IP адреса штом Google ќе ја добие Вашата IP адреса. Google ќе ги користи овие информации во наше име за да ја оцени Вашата употреба на веб-страницата, да состави извештаи за активности на веб-страницата и да ни обезбеди други услуги поврзани со веб-страница и Интернет. Google нема да ја користи Google IP адресата за Google аналитика во рамките на Google Analytics за било кои други податок.

Вие можете да спречите поставување колачиња со соодветно поставување на Вашиот софтверот прелистувач. Меѓутоа, истакнуваме дека во овој случај можеби нема да можете во целост да ги користите сите функции на оваа веб-страница. Исто така, можете да спречите Google да собира податоци во врска со Google аналитика со преземање и инсталирање додаток на прелистувачот кој можете да го најдете на следниов линк: http://tools.google.com/dlpage/gaoptout?hl=rs.

Повеќе информации за Условите за Google услугите и политиката за приватност на Google, побарајте на: na https://www.google.com/analytics/terms/gb.html или    https://policies.google.com/.

4. Цел на обработката на податоците

Ние ќе ги обработиме Вашите лични податоци за следниве цели:

  • Да Ви ја ставиме на располагање оваа веб-страница и  дополнително надградување и развивање на оваа веб-страница;
  • Да Ви обезбедиме информации за нашата компанија кои што се релевантна за Вас, вклучително и повторен маркетинг преку веб прелистувач;
  • Создавање статистика за користењето;
  • Идентификување, откривање, спречување и истражување напади на нашата веб-страница.

5. Правен основ за обработка

Правен основ за обработка на Вашите лични податоци е наш легитимен интерес во согласност со член 6 став 1 алинеја 6 од Законот за заштита на личните податоци, а со цел да ги постигнеме целите утврдени во точка 4.

Правен основ за обработка на Вашите лични податоци каде што е потребна Вашата согласност во согласност со член 6 став 1 алинеја 1 и член 13-а став 1 од Законот за заштита на личните податоци.

6. Пренесување на Вашите лични податоци

За горенаведените цели, Вашите лични податоци ќе ги испратиме до следните приматели:

  • ИТ провајдери кои ги користиме;
  • Друштвата кои припаѓаат на нашата група, доколку сте се согласиле.

Некои од горенаведените приматели може да се наоѓаат надвор од Република Северна Македонија. Нивото на заштита на податоците во други земји може да не одговара на нивото на заштита во Република Северна Македонија. Сепак, вашите лични податоци ги пренесуваме само во земјите што ги идентификува Комисијата на ЕУ како соодветно ниво на заштита на податоците.

7. Рок на чување на податоци

Личните податоци се чуваат додека се исполни намената за кои се собрани или додека субјектот на личните податоци не ја повлече неговата/нејзината согласност. Субјектот на личните податоци има право во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства да ја повлече дадената согласност.

8. Вашите права во врска со личните податоци

Субјектот на лични податоци има право од контролорот да побара да го информира:

  • дали се врши обработка на неговите лични податоци;
  • Кои се целите и правната основа на обработката на личните податоци и корисниците или категориите на корисници на кои им се откриваат личните податоци;
  • Увид во податоците, како и дополнувања, измени, бришење или запирање на понатамошна обработка;
  • Личните податоци во врска со субјектот на личните податоци и изворот на податоци и
  • Логиката на автоматизирана обработка, во случај на одлука донесена врз автоматска обработка, која има влијание врз субјектот на лични податоци.

Субјектот на лични податоци има права за заштита на лични податоци со право на пристап, право на исправка , право на бришење , право на ограничување на обработката , право на приговор, право на преносливост, по однос на обработката на личните податоци.

Заради остварување на своите права субјектот на лични податоци може да се обрати кај контролорот во врска со неговите/нејзините прашања, или по е-маил radivoje.nijemcevic@firstfacility.net. Контролорот постапува согласно внатрешните прописи со цел правата на субјектот на лични податоци да бидат остварени на едноставен, брз и ефикасен начин без да се предизвика непотребно одложување или трошоци.

Контролорот е должен да одговори на прашањата на субјектот на лични податоци во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето.

Кога контролорот одговорил на барањето на субјектот на лични податоци, нема обврска повторно да одговори на исто или слично барање на тој субјект, ако во меѓувреме нема промени во неговите лични податоци, освен ако изминале шест месеца од денот на доставувањето на претходното барање до новото барање.

Доколку субјектот на лични податоци не е задоволен од одговорот и информациите дадени од контролорот и доколку смета дека неговите/нејзините права се повредени, може да поднесе барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци до дирекцијата за заштита на личните податоци.

9. Промени во оваа политика на приватност

Во наша надлежност е повремено да ја менуваме и ажурираме оваа Политика на приватност. За секое нејзино менување, или дополнување ќе биде поставено известување на нашата веб страна или преку Вашата електронска пошта или други соодветни начини.

10. Наши контакт информации

Ако имате какви било прашања или грижи во врска со обработката на вашите лични податоци, Ве молиме контактирајте со нашиот Офицер за заштита на лични податоци кај контролорот

г-дин Радивоје Нијемчевиќ, CEO
radivoje.nijemcevic@firstfacility.net

First Facility е меѓународна групација на компании која обезбедува првокласни интегрирани услуги за управување со објекти (FM) и управување со имот (PM) во реномирани канцелариски и станбени згради, трговски центри и индустриски капацитети во Европа.

Избери земја