За нас
Кои сме ние
First Facility, зависно друштво на меѓународната група компании First Facility Macedonia DOOEL, е водечка компанија за управување со објекти во Централна и Источна Европа која обезбедува комплетен спектар на услуги на управување со недвижни имоти и објекти.
First Facility обезбедува првокласни интегрирани услуги на управување со објекти и недвижни имоти на реномирани деловни и станбени згради, трговски центри и индустриски објекти.
Историја
- 1984 година – Oсновање на компанијата
- 2005 година – Oсновање на компанијата First Facility во Бугарија, Романија и Унгарија
- 2007 година – Oсновање на компанијата First Facility во Северна Македонија
- 2008 година – Oсновање на компанијата First Facility во Словачка
- 2009 година – Oсновање на компанијата First Facility во Србија
- 2019 година – 13 декември 2019 година г-дин Георг Шпигелфелд и г-дин Радивоје Нијемчевиќ стануваат сопственици на сите компании First Facility во земјите на Централна и Источна Европа, со стекнување на сопственост над компаниите First Facility во Бугарија, Унгарија, Северна Македонија, Романија и Словачка покрај веќе постоечката сопственост над компанијата First Facility во Србија
- 2020 – Oсновање на First Facility во Словeнија
- 2021 – Oсновање на First Facility во Република Чешка
Мисија
Нашата деловна филозофија е грижа за нашите Клиенти.
Развиваме решенија прилагодени на конкретни потреби за изводливо функционирање и чување на вредностите на недвижните имоти, со постојано надоградување на своите услуги во согласност со се поголемите барања на нашите Клиенти, поставувајќи нови стандарди во унапредувањето со недвижни имоти и објекти.
Визија
Нашата цел е да ја демонстрираме и промовираме важноста на одржливото функционирање и долговечноста на зградите, просторот и местата со цел создавање на оптимално и соодветно работно и животно опкружување, имајќи ги предвид генерациите кои доаѓаат.
Во рамките на нашата група компании разменуваме меѓународни искуства, што резултира со најдобри практики, конкурентска предност и понатамошна експанзија на пазарите на Централна и Источна Европа.